СДСМ најавува дека започнува постапка за целосен ветинг на сите судии, процес кој ќе започне веднаш по формирање на новата Влада предводена од СДСМ.
„Целосен реизбор не беше дозволен од страна на Европската Унија, но ветинг на судиите мора да има, зашто правда може да носат само праведни судии, а не блокатори на правдата.
Неопходен е ветинг во судството, за да се направи дистинкција меѓу чесните и професионални судии и обвинители и оние кои не се на нивото на професијата
Пред граѓаните ветивме правда, дадовме шанса на судството, не испорача, но ние ќе направиме се, за да го оствариме. Затоа што без правда нема сигурност и стабилност, без владеење на правото нема развој и напредок“, соопшти денеска Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.