СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ му пречи неселективната борба против криминалот, затоа неосновано го напаѓа МВР

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија бранител на криминалот.

Бројни судски предмети, правосилни пресуди, признанија и извештаи на релевантни меѓунардони организации го потврдуваат степенот на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога одредени криминални структури важеа за недопирливи и над законите, денес институциите постапуваат ефикасно, професинално и неселективно.

Токму неселективната борба против секаков вид криминал и корупција е она што му пречи на ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија неосновано го напаѓа Министерството за внатрешни работи и министерот Спасовски“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e