СДСМ: На обвинетиот Груевски никој и ништо не може да му помогне, џабе провоцира!

Соопштение за јавност на СДСМ

Обвинетиот Никола Груевски и неговата фамилија не знаат што да направат во паниката во којашто се наоѓаат, но напразно се мачат, не можат да избегаат од одговорност.

Лажниот патриот Груевски и соработниците кои со години се пазарат со Ахмети и ДУИ во тендер коалицијата и сценираат по нарачки меѓуетнички инциденти, мора да се навикнат дека за нивните провокации нема повеќе место во единствена граѓанска Македонија.

Прашањето за употребата на јазиците е дефинирано со Уставот и законите на Република Македонија! Времето на поделбите на Груевски и неговата власт, а и на криминалите завршува.

СДСМ гради едно општество за сите граѓани, со еднакви права и обврски пред Уставот и законите.

Во единствена, праведна, правична Република Македонија по декември, секој кој крадел, лажел, корумпирал, нанесувал зло на граѓаните, правел криминал, ќе одговара!

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e