СДСМ: Мицкоски нема став и го лаже народот, целосно е во заложништво на Апасиев

„Христијан Мицкоски како слаб политичар, без став и визија, е во целосно заложништво на Апасиев.

Мицкоски го лаже народот, секојдневно се расфрла со екстремни и радикални изјави, се натпреварува со Левица во популизам и радикализам, во правење штета за граѓаните.

Левица, е сериозна закана за европскиот пат на државата, има за цел создавање хаос во земјата.

Двоецот Мицкоски – Апасиев можат на државата да и понудат само изолација, омраза и поделби меѓу граѓаните, конфликт со соседите.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат Мицкоски и Апасиев да ја вратат државата во темното минато.

Патот кон ЕУ е трасиран, нашата иднина е европска“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e