СДСМ: Мицкоски нема кандидати за градоначалници на голем број општини

„На неколку денови пред крајниот рок за поднесување кандидатури, Христијан Мицкоски се уште нема кандидати за градоначалници за голем број важни општини.

Очигледно е дека никој не се нафаќа да биде кандидат на губитничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Секому му е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги чека нов пораз на изборите, па затоа имаат проблем да најдат кандидати, затоа се почесто се шират информации за раскол и тензии во голем број општински комитети.

Деструкции, лажни вести, неодговорно постапување е сето она што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го нудат целиот овој период. Затоа на 17 октомври ги чека нов пораз, кога граѓаните повторно ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води кон развој интеграција и напредок“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e