СДСМ: Македонците ништо не изгубија во овие три години, Мицкоски е тој што постојано губи од граѓаните

„Македонците и државата не изгубија ништо во овие три години, Христијан Мицкоски е тој што постојано губи од граѓаните на избори.

Северна Македонија во овие три години само добива – добивме слобода, добивме пријател со Грција, добивме членство во НАТО и Влада која што ги почитува сите заедници. Граѓаните добија повисоки плати, нови работни места и поквалитетен живот.

Додека Мицкоски губеше на избори, државата, граѓаните добија потврда и заштита на идентитетот.

Кога граѓаните добиваат – Мицкоски губи. Затоа уште долго ќе биде опозиција“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e