СДСМ Крушево: На денот на независноста најавуваме дека си ја враќаме државата назад

Прес конференција на СДСМ Крушево
Трајче Калески, претседател на ОО СДСМ Крушево

Почитувани сограѓани,

Нека ни е честит денот на независноста и денот на ослободувањето на нашиот град Крушево.

Пред 72 години, нашите сограѓани-херои и револуционери како што се, Наум Наумовски Борче, Коча Миленку, Таќа Бербер, Мише Ефтим, Нико Доага ги дадоа своите животи за слободно и напредно Крушево.

Но денес, идеалите за кои се бореа нашите претци, веќе не постојат во нашиот град.

Додека градоначалникот Ѓорѓи Дамчески од ВМРО-ДПМНЕ мисли само на бизнис зделките и елитната населба Вршник за која троши милиони евра народни пари, градот се празни, младите си заминуваат, а оние што останаа живеат тешко.

Дом за стари лица, тениски игралишта, индустриска развојна зона, спортска сала, се само мал дел од неостварените ветувања за Крушево и крушевчани.

Доста беше! Крушево заслужува подобар живот.

Денес, кога се присетуваме на жртвувањето на нашите херои, ја испраќаме следната порака: Заедно со граѓаните ја враќаме слободата и правдата во нашиот град, во нашата земја.

Сите ние заедно, граѓаните, сме новата сила на напредокот.

Заеднички да ја преземеме одговорноста за сопствената иднина, за иднината на нашите деца и на 11 декември да ја вратиме државата на граѓаните.

10 годишното владеење на Никола Груевски и неговите соработници завршува. Промените се случуваат, слободата доаѓа!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e