СДСМ: Ќе се спречат сите обиди на загрозување на културното и историско наследство

ВМРО-ДПМНЕ преку криминалното и неодговорно владеење, не само што не го заштитуваше културното и историско наследство, туку заради остварување на криминални интереси истото намерно го загрозуваше и уништуваше.

Еден од најочигледните докази за тоа е археолошкиот локалитет Скупи. Преку сомнителен тендер со набилдани цени за таканаречена обнова на локалитетот, ВМРО-ДПМНЕ противправно сакаше да изгради сала од бетон замаскирана со травертински плочки и да го осквернави и нагрди археолошкиот локалитет, само за да се остварат нечии криминални интереси.

Владата предводена од СДСМ ќе го заштити културното и историско наследство и ќе го спречи секој обид за уништување на објектите од културно и историско значење, заради остварување на нечии криминални интереси, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e