СДСМ ќе организира трибини и средби со граѓани

Во претстојниот период СДСМ ќе го засили своето присуство на терен преку активности на раководството и општински организации.

Ова синоќа во емисијата „360 степени“ го најави претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски.

„Значи ние имаме над 80 проценти претседатели на општински организации, и веќе се воспоставени внатрепартиските активности кои се потребни на ниво на општинските организации и месните организациии и многу скоро ќе ги видите општинските организации и раководството на СДСМ на терен помеѓу граѓаните со организирање на трибини.“ изјави синоќа Ковачевски.

Засега нема информации кога точно би почнале таквите активности и каде се би се одвивале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e