Милитие Халими, ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Арачиново.
„Ние во Арачиново ќе настапиме со член на СДСМ, почитуван во општеството. Ќе настапиме со жена Албанка, Милитие Халими, човек кој со семејството потекнува од овде. Се надевам дека ќе бидеме доволно примамливи да ја добиеме поддршката од мнозинството граѓани во Арачиново“, изјави денеска Заев за време на посетата на Арачиново.
Тој нагласи дека 70% од кандидатите на СДСМ за градоначалници веќе се утврдени, а уште се во тек преговорите со актуелните, но и потенцијални коалициони партнери.