Прес конференција,
Митко Киров, член на ИО и претседател на Комисија за земјоделие на СДСМ Кавадарци
19.10.2016 година
Почитувани сограѓани!
Откупот на грозјето е стопиран! Откупните пунктови се празни, голем дел од винарските визби пред време ја завршија сезоната. Земјоделците се изманипулирани и револтирани, мака мачат како да го продадат својот род, затоа што тоа им е единствена егзистенција.
Мерките на Владата уште еднаш покажаа дека се погубни за земјоделците.
Лажните мерки за субвенционирање на дополнителни 3 денари за откуп на вранецот и дополнителни 2 денари субвенција за откуп на смедеревката, не вродија со плод.
Земјоделците се гневни затоа што грозјето им скапува на нивите, додека локалните моќници прават списоци за откуп.
Само интеревент откуп беше решение на проблемот.
Не може да се трошат 12 милиони евра за Панорамско тркало, а за лозарите да нема пари.
На неодговорниот однос кон земјоделците ќе му дојде крај.
По демократските промени, новата и одговорна влада предводена од СДСМ веднаш ќе донесе закон за зелена нафта, субвенциите ќе бидат зголемени и исплаќани на време, а цените на репроматеријалите ќе се намалат. Кога има вишок на грозје, ќе се донесе одлука за интервентен откуп со цел стабилизација на пазарот.