Сите сме во тага и голема болка, целото општество и сите наши граѓани тагуваат по загубата на 14 годишната Вања, порачаа од СДСМ преку соопштение.
СДСМ изразува сочувство до семејството, до сите роднини, пријатели, соученици.
Надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство работеа интензивно, целосно го расветлија случајот, ги пронајдоа сторителите на ова грозоморно злосторство и тоа е за поздравување.
Во рамки на своите законски надлежности МВР и Јавното обвинителство навреме преземаа соодветни активности, покажаа посветеност и професионалност на високо ниво.
Очекуваме во најкраток можен рок сите сторители и инволвирани да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност за злосторството кое го потресе целото наше општество.
