СДСМ реагираше на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека се апсолутни победници на локалните избори, посочувајќи дека бројките, според нивната анализа, покажуваат сосема поинаква слика.
„ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот, бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Анализата на пратенички места според гласовите е прецизна математичка операција која јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 пратеници, а СДСМ би имал најмалку 21,“ соопштија од партијата.
Од СДСМ велат дека очајните обиди за манипулација се резултат на шокот поради падот од преку 140.000 гласа, што, како што наведуваат, е сигнал дека граѓаните ги препознале лагите и погрешните политики.
„СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини. Ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на гласање во вториот круг и да гласаат за кандидатите на СДСМ — докажани и чесни луѓе кои уште во првиот круг покажаа дека имаат што да понудат,“ се додава во соопштението.
Реакцијата следува по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека со над 300.000 гласови и повеќе од 550 советници низ земјата и Скопје се апсолутен победник и дека, според нивната п