СДСМ: Излегоа на површина неспособноста и криминалните активности на дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Неспособноста и криминалното работење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ по чиишто криминални стапки тргнаа и дел од градоначалниците од редовите на оваа партија пoчнаа да излегуваат на површина и тоа Груевски повеќе не може да го контролира.

За противзаконско и криминално работење на неколку градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ доказ се пресудите против градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, осуден затоа што работел на штета на општината и граѓаните, пресудата против градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов кој со црни пари купувал гласови, како и покренатото обвинение против градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески во случајот „Транспортер“ за криминал тежок 360.000 евра.

Заврши времето на контрола, притисоци, уцени и нарачки од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во судството и другите државни институции.

Секој што се огрешил пред законот, независно дали бил функционер или градоначалник ќе мора да се соочи со правдата и одговорноста што му следува, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e