Предвремените избори за градоначалник на Штип покажаа дека довербата на граѓаните во СДСМ континуирано расте.Со освоени речиси 12 илјади гласови, СДСМ во Штип на фер и демократски избори, безбедни за здравјето освои повеќе гласови од предвремените парламентарни избори пред 5 месеци.Токму ова е потврда за одлучните, државнички политики на СДСМ, потврда за квалитетот на кандидатот кој од Штип ќе направи дом еднаков за сите граѓани. – порачаа од СДСМ преку соопштение.
Граѓаните дадоа силна поддршка на чесните и одговорни политики на СДСМ, покажаа доверба во институциите што ги води Владата предводена од СДСМ, во новиот, динамичен, модерен, правичен СДСМ, кој носи промени и постојано се менува.
Политиките на СДСМ, со проекти, капитални инвестиции, грижата за граѓаните, направија пресврт во Истокот на државата, кој е веќе бастион на социјалдемократијата. – велат од партијата.
Уште една важна порака од локалните избори во Штип е дека граѓаните ги поразија сите бојкоти, лаги и хистерии на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, покажаа дека не сакаат кочење, ниту блокади.
Изборите во Штип потврдија – расте довербата во СДСМ! – стои во соопштението од СДСМ.