СДСМ: Исплатата на субвенциите за тутунот е согласно Програмата, ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за извесниот пораз

ВМРО-ДПМНЕ во паника од слабата поддршка од граѓаните, во секоја редовна и позитивна мерка бара алиби за извесниот пораз во недела.

Исплатата на субвецнииите за тутнот е според календар за исплата на Програмата за директни плаќања и е во истиот период како и минатата година, лани на 17 ти, а оваа година на 16 ти април, а со единствена цел земјоделците субвенциите да ги добиваат тогаш кога им се најпотребни, пред почетокот на производствената сезона.

Откако со години ги малтретираше, понижуваше и уценуваше земјоделците, денес ВМРО-ДПМНЕ е против навремена и неселективна исплата на субвенциите.

ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за бојкот на претседателските избори и да се подготви за пораз на претстојните локални и претседателски избори, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e