СДСМ: Инвестициите во енергетиката никогаш не беа во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицковски нема право да ветува ништо повеќе, туку треба да одговори зошто 11 години се распишуваа сомнителни тендери, наместо ЕЛЕМ сам да врши ископ на јаглен и јаловина.

Цели 11 години, стотици милиони евра се одлеаа по фирми блиски на ВМРО-ДПМНЕ, преку ангажирање на надворешни фирми, за што се водат и кривични процеси пред судовите.

Денешната најава за распишување на два нови тендера само потврдува дека во овие 11 години, капиталните инвестиции во енергетиката никогаш не биле во фокусот и интересот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и Никола Груевски.

Сите тендери внимателно ќе бидат темелно ревидирани од новото раководство чиj врвен приоритет ќе биде зголемување на домашното производство, но и реализација на клучните енергетски капацитети, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e