Во пресрет на големиот национален празник 2-ри Август – Илинден, граѓаните на Република Северна Македонија можат да бидат горди на досега постигнатите успеси.Денес, Северна Македонија е стабилна, сигурна држава, партнер на државите од регионот и Европа, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека со членството во НАТО трајно е обезбеден мирот и стабилноста, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите.
-По 17 во чекалната, започнавме преговори за членство во ЕУ како Македонци со заштитен македонски јазик и идентитет.Стануваме дел од големото европско демократско семејство каде нашата држава вредносно и цивилизациски припаѓа.Тоа е реализација на историските заложби на Илинденците, борците од НОБ и членовите на АСНОМ за независна, суверена демократска држава признаена од целиот свет. Илинден е нашата сила за иднината, а нашата иднина е европска, велат од владејачката партија.