СДСМ го осуди нападот врз новинарската екипа на „Ал Џазира“, очекува казна за извршителите

„СДСМ го осудува нападот врз новинарската екипа на „Ал Џазеира“ на вчерашниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Слободата на изразување и непреченото работење на новинарите и медиумските работници во секое демократско општество, какво што е и во Северна Македонија се загарантирани и неповредливи.

За поздравување е тоа што институциите брзо реагирале, очекуваме и соодветна казна за извршителите на нападот.

Нападот врз новинарски екипи уште еднаш го потврди насилничкиот и понижувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и новинарите.

Заробена во сопствената деструкција, и во опозиција, исто како и на власт, ВМРО-ДПМНЕ во медиумите гледа единствено непријатели.

Нереформираната, назадна партија, ВМРО-ДПМНЕ, не смогна сили ниту да го осуди нападот, ниту да се извини на нападнатата новинарка“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e