СДСМ го објави распоредот на митинзи низ градовите за Локалните избори 2025

СДСМ го објави распоредот за целосниот караван на партијата и коалицијата за претстојните локални избори, со распоред, саатници и места за секој ден за време на целата кампања.

Централните настани ќе бидат во 18:30 часот и во 20:00 часот. На овие два настани караванот го предводи претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата, д-р Венко Филипче кој ќе има обраќање, заедно со кандидатите за градоначалници од општините.

Од двата настани ќе има пренос во живо на официјалните канали на СДСМ и на претседателот Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e