СДСМ: Експертите со позитивни оценки за пописот, професионално спроведен

„По 20 години Република Северна Македонија спроведе успешен попис согласно сите светски стандарди.

Меѓународни признати експерти, меѓу кои и Данило Доленц од Словенија, даваат позитивни оценки за успешниот попис кој е карактеризиран како професионално спроведен.

Релевантните податоци добиени од пописот, даваат можност за прецизно и навремено креирање и реализација на мерки и политики.

Сега, институциите, државата па и компаниите имаат точни податоци за структурата на население, за развојот на општините и регионите, по што ќе можат да ги планираат идните политики и инвестиции.

Спроведениот попис е заеднички успех на државата, институциите и граѓаните кои дадоа свој придонес за успешно реализиран попис“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e