„Пакетот на владата предводена од СДСМ од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра веднаш почна да дава ефекти.
Како резултат на мерката за намалување на ДДВ и акцизата намалени се малопродажните цени на горивата.
Со ефикасност во реализацијата на антикризните мерки цената на бензинот се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.
СДСМ како одговорна партија во време на глобална економска и енергетска криза продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржување на економска стабилност“, се вели во соопштението на СДСМ.