СДСМ: Едно е јасно по 82 дена од мандатот на Арсовска, таа е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје

„Градоначалничката на Град Скопје не реализираше ниту еден свој проект во првите 82 дена од мандатот.

Учинокот на Арсовска се состои од нивелација на една шахта и поставување мобилни тоалети.

Ама затоа Арсовска овие неполни три месеци ги искористи максимално да ја партизира градската администрација и да вработи 109 партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ и на директорски позиции во Јавни установи и претпријатија да постави партиски функционери од ВМР0-ДПМНЕ.

Арсовска не само што не воведе бесплатен јавен превоз како што лажно ветуше во нејзината предизборна кампања, туку воведе нов билет од 120 денари во ЈСП, а го прекина и проектот Бас рапид транзит за кој беа обезбедени пари од Европската банка за обнова и развој.

Арсовска бессрамно се прогласи за ненадлежна и ги игнорираше проблемите на граѓаните додека скопјани мака мачеа со кризата за топлинска енергија.

Единственото нешто што го сведочеа граѓаните овие неполни три месеци од мандатот на Арсовска е партизација на Градот, прекинување на проекти и изземање од одговорност за своите надлежности,

На сите им стана јасно по првите 82 дена од мандатот дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e