СДСМ: Додека сите се борат против коронавирусот, Мицкоски се бори за фотелјата во партијата

Докажаниот губитник Христијан Мицкоски, во период на сериозна пандемија, кога сите капацитети се фокусирани на борба против коронавирусот, се бори само за да ја зачува својата фотелја во белиот дворец- порачуваат од СДСМ преку најновото соопштение.

Затскривајќи се зад лажна загриженост за здравјето на граѓаните, Мицкоски бега од предвремените локални избори во Штип, но всушност бега од уште еден пораз, кој уште еднаш ќе ја докаже неговата неспособност.

Слично се однесуваше и пред паралментарните избори и бараше нивно одложување за наесен. Па како и за сите крупни и помалку крупни прашања во државата, го менуваше ставот и излезе на избори.- констатираат од владејачката партија.

Иако ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби изборите, Мицкоски не смогна сили да преземе одговорност и да го признае поразот и, како што самиот најави, да си даде оставка, ако не победи.

Наместо тоа Мицкоски и неговите послушници секојдневно го загрозуваат здравјето на граѓаните и се обидуваат да го поткопаат здравствениот систем.Граѓаните одамна го прочитаа и три пати го казнија за сите деструктивни политики.Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски долго ќе останат во опозиција. – порачуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e