Политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 15 јули продолжуваат да ги претставуваатт своите изборни програми пред граѓаните.
Кампањата завршува на 12 јули во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк.
Централниот караван на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ денеска својата програма ќе ја претстави пред граѓаните во Прилеп и Маврово Ростуше, додека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“ ги продолжува своите изборни активности во Дојран, Богданци, Валандово и Гевгелија.