СДСМ денеска во Карпош и Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Пехчево, Берово и Делчево

Предизборната кампања завршува на 12 јули во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк, а дотогаш политичките партии и коалициите учесници во предвремените парламентарни избори интензивно на средби со граѓаните се обидуваат да им ги појаснат своите изборни програми и со ветувања за нивно исполнување да ја добијат довербата на 15-ти јули. Во финишот на изборната кампања речиси секојдневно се објавуваат и т.н.„аудио бомби“ преку кои се води и една поинаква битка за победа на 15-ти јули.

И Христијан Мицкоски претседател на ВМРО – ДПМНЕ, партија предводник на коалицијата „Обнова на Македонија“ и лидерот на СДСМ Зоран Заев, партијата што ја предводи коалицијата „Можеме“ најавуваат дека со евентуалната победа на 15-ти јули доаѓаат најдобрите четири години за нашата држава.

Караванот на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ денеска својата програма ќе ја претстави во скопски Карпош и во Битола, додека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“ со свои изборни активности ќе биде во Пехчево, Берово и Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e