СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за милионските скандали во Еразмус+

СДСМ побара разрешување на в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, и целосна истрага за наводните злоупотреби во рамки на програмата Еразмус+.

На прес-конференција, потпретседателот на СДММ, Јовица Јанковиќ, изјави дека ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, во својот извештај објавен минатата година, наведува злоупотреби на европски средства во вредност од милиони евра.

„Во извештајот на ОЛАФ, којшто е јавно објавен, постојат сомнежи дека во периодот кога Михајлов била одговорно лице за евалуаторите, преку вмрежени лица и фирми се злоупотребени над 2 милиони евра. Иако извештајот е доставен во 2023 година, до ден-денес нема обвинителен акт. Клучното прашање е дали со назначувањето на Михајлов власта има за цел да ја блокира и влијае на истрагата на ОЈО и ОЛАФ?“, рече Јанковиќ.

Тој додаде дека постојат информации од свиркачи за доделување на над 8 милиони евра на фирми под сомнителни околности и дека претходниот конкурс бил поништен за да се назначи в.д. директорката.

СДСМ бара од Владата да ја разреши Михајлов и итно постапување на Јавното обвинителство за процесуирање на сите инволвирани лица, нагласувајќи дека европските средства на

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e