СДСМ: До 18.00 часот гласале 78,5 отсто од регистрираните членови на СДСМ

„На еден час пред затворањето на гласачките места, до 18.00 часот, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните гласачи.

Членовите на СДСМ денеска можата да гласаат за Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски.

Гласањето тече мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини.

По затворањето на гласачките места во 19.00 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e