„СДСМ преку конкретни и вистински мерки и реформи покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани. Времето на поделби, дискриминации и маргинализирање на граѓани заврши со заминувањео на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Решен е деценискиот проблем со стечајците“, велат утрово од СДСМ.
„12.000 стечајни работници добиваат месечен надоместок од околу 8.200 денари до нивното пензионирање. Исправена е долгогодишната неправда кон наши сограѓани, кои не по своја вина, ниту волја, останале без работа и без месечни примања. Градиме општество кое нуди фер и еднакви можности за сите. На прав пат сме, се грижиме за сите, затоа што секој е важен“, додаваат оттаму.