СДК: Коце пред МНР стави уште една вртелешка од 187.000 евра

Директорот на ЈП„Паркови зеленило“, Душан Авировиќ кој на барање на Град Скопје раководи со поставувањето на каруселите за порталот Сакам да кажам појаснил дека оваа локација за новата вртелешка е привремена. Рече дека штом се создадат услови, таа ќе биде префрлена во Луна парк, кој сега се реновира.

Директорот Авировиќ најави дека новата вртелешка ќе почне со работа од следната недела. Ја набавила фирмата „Технометал Вардар“ која ја набави и првата вртелешка, поставена на Плоштад Македонија.

За да стигне до оваа фирма, подготвена да набави карусел по специфики одредени од Град Скопје, „Паркови“ за првата вртелешка распиша дури шест тендери. Директорот Авировиќ за втората вртелешка само кусо рече дека ја набавила истата фирма.

Вториот карусел е поскап од првиот. За него се потрошени 11,5 милиони денари или околу 187.000 евра. Првиот чинеше околу 160.000 евра. На почетокот на 2015 година Град Скопје му префрли субвенции во висина од 195.000 евра на „Паркови“ за набавка на вториот карусел. Град Скопје ја плати и набавката на првиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e