СДК: Фрчкоски и Најчевска на списокот на владиното тело за реформи на правосудството

Професорите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Борче Давитковски, Љубомир Фрчкоски и Гордан Калајџиев се во тимот на Советот за реформа на правосудниот сектор, кој министерот за правда Билен Саљији со решение го формирал во понеделникот.

Според документот кој го објави Сакам да кажам, во екипата има многу малку судии, а нема ниту еден обвинител ни од редовното, ни од Специјалното обвинителство.

Решението е потпишано на 17 јули од министерот Саљији и е со печат на Министерството за правда, но сè уште не е објавено на веб страницата на Министерството. Нема ни документ дали ќе има и ако има, колку ќе биде паричниот надомест за членување во ова реформаторско тело.

Од правосудните институции министерот Саљији им дал доверба само на: Фаик Арслани – врховен судија, Шефајет Хајдари – претседател на Апелациониот суд Гостивар, Бурим Сејдини – претседател на Управниот суд и на Илир Сулејмани, претседател на Основниот суд Скопје 2.

Советот за реформа на правосудниот сектор, што е дел од програмата 3-6-9 го сочинуваат 17 надворешни  и пет члена од Министерството за правда. Претседател е министерот, а, заменик на Советот е заменикот-министер за правда Оливер Ристовски.

Во 9-члената професорска реформаторска група се и професорката Мирјана Најчевска од Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања при УКИМ, професорката Беса Арифи од Правниот факултет – Универзитет на Југоисточна Европа и нејзиниот колега Мерсим Максути од  Тетовскиот државен универзитет.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e