Саздов започнал љубовна врска со Ивана: По настанот во Штип ја засакав

Во продолжението на судењето за случајот со Ивана и Катја, кои загинаа на 2 март по пад од балкон во Тафталиџе, сведочеше Мартин Саздов.

Тој раскажа дека во август минатата година Стојанче ги оставил Ивана и Катја на автопат пред Штип, по што Ивана му се јавила за помош. „Беа целосно модри и исплашени, плачеја“, рече Саздов. По тој настан, тој и Ивана се зближиле.

– Advertisements –

Саздов наведува дека Ивана често му зборувала за насилството кое го трпела од Стојанче и стравот за себе и за ќерката. „Ми викаше: ‘Мартин, не го знаеш каков психопат е, ќе ме убие, не можам да издржам’. Јас се обидував да ѝ помогнам, но таа беше многу исплашена“, сведочеше тој.

По поднесувањето на тужба за развод и преселувањето кај својата мајка, Ивана и Саздов започнале чести излегувања за да ѝ овозможат на Катја безбедно и весело детство. „Ја засакав, а таа ми рече: ‘Со тебе се чувствувам сигурно и смирено’“, изјави сведокот.

Саздов истакна дека Стојанче продолжил да ги следи, да го пријавува лажно во полиција и да се појавува со други жени, како и дека ја сменил бравата на станот за Ивана да не може да влезе.

„Ја навредуваше Ивана пред мене, велејќи дека е ‘к…а’. Го молев да престане, но тој продолжуваше да се однесува агресивно и кон неа и кон Катја“, додаде Саздов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e