Санкционирани 67 возачи за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

На автопатот Куманово-Скопје-Велес полицијата санкционирала 67 возачи за возење со брзина поголема од дозволената. Десет возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица дури над 70 километри на час над пропишаната брзина.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e