Самка Ибраимоски на разговор во СЈО: Jавноста мора да знае кој крадел, кој фалсификувал, и кои мртви гласале

Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР ја информира јавноста дека лидерот на ПЦЕР Самка Ибраимоски е повикан на разговор во Специјалното јавно обвинителство.

„Партијата ПЦЕР секогаш била на страната на народот и така ќе остане, се до докажување на вистината за криминалните избори, и криминалците кои се поврзани и кои произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори и посебно кон дискриминацијата на Ромите и омаловажување на етничката заедница од страна на Јанкулоска, Јанакиески, Груески и сите други инволвирани во прислушуваните разговори.

После обавениот разговор во СЈО ќе бидете подетално информирани за кои дела се работи, народот мора да ја знае вистината, кој крадел, кој фалсификувал, и кои мртви гласале“, стои во соопштението на ПЦЕР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e