Во Бардолино на заедничкиот состанок на земјите од Иницијативата Отворен Балкан се согласивме саемот на мали производители на храна и пијалоци “Вкуси ја Традицијата”, што го почнавме лани, од оваа година да биде саем на Отворен Балкан, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.



-На самиот почеток на најпрестижниот саем за вино во Европа, Винитали што се оддржува по 55 пат во Верона, заедно со премиерот Ковачевски, Рама и претседателот Вучич, но и со моите колешки Танасковиќ и Крифца, уште еднаш ги потврдуваме заложбите на нашите пријателски земји за економски развој, просперитет и подобро утре за нашите народи, нагласи Николовски.
