С.Македонија нема да ги признае резултатите од референдумите во Украина

Нема да признаеме никакви референдуми ниту резултати од такви референдуми, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи на денешниот редовен брифинг со новинарите во врска со референдумите во окупираните територии од Русија во Украина.

„Важно е Украина да победи во оваа војна, а Република Северна Македонија нема да признае манипулативни референдуми. Тие се манипулативни за да имаат алиби за своеволно анектирање на туѓи територии“, кажа Османи на денешниот брифинг за новинарите.

Тој се чуди што 25% од граѓаните во Македонија мислат дека Руската агресија во Украина е оправдана и мислењето дека ова два пола во светот водат битка меѓу нив, а Македонија е на страна.

„Ме чуди што 25 посто македонски граѓани сметаат дека руската агресија врз Украина е оправдана, тоа е против националните и државните интереси на нашата земја.Не ние не сме неутрална страна, ние сме директно загрозени од рушењето на меѓународните принципи кои не штитат“, додаде Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e