-Имав можност да поразговарам со амбасадорот на Соломонските Острови во УНЕСКО и ФАО, Jean – Paul Carteron, човек кој дел од својата кариера ја поминал на Балканот и одлично ги знае можностите, но и проектите кои сме ги работеле овој период. Даде признаение за нашиот успех во процесот за консолидација на земјоделското земјиште, нешто во што како земја сме лидери во регионот, потенцира министерот Николовски.