Ружин: Надминато е грчкото вето и ветото на Макрон, сега треба да се надмине и третото вето

Универзитетскиот професор Нано Ружин во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ изјави дека според него оваа влада успеала да извлече максимум од тоа што можело да се успее.

„Надминато е грчкото вето и ветото на Макрон, сега треба да се надмине и третото вето. Мислам дека патот на младите држави, како што сме ние, е исполнет со потешкотии. Сепак, ние сме мала држава и мислам дека успешно одолеавме на сите предизвици кои што ги носат со тебе европските интеграции, соседите итн“, вели Ружин.

Според него, проблемот со Грција беше повеќе геополитички, а проблемот со Бугарија е повеќе историско-културолошки.

„Идентитетот не е генетска работа, тоа е конституционален процес, се создава со тек на години“, вели Ружин.

„Мислам дека оваа дегенерација на целиот процес ќе се надмине. Има бугарска елита која го осуди овој чин на блокирање и ние сме им благодарни поради тоа“, изјави Ружин.

Според него тој недостаток од контакти и дебати со нашиот источен сосед ја влоши ситуацијата.

„Борисов кога го потпишуваше Договорот за добрососедство рече дека не се вртиме назад, затоа што историјата може да не сопре и рече им давам три месеци на историските комисии да се договорат“, вели Ружин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e