Рокот за аплицирање на конкурсот на СЕММ истекува утре

Утре истекува рокот за поднесување пријави на конкурсот на Советот за етика во медиумите (СЕММ) за најдобри новинарски стории поврзани со известувањето за пандемијата на коронавирусот, предизвиците и последиците од неа.

Како што соопшти Советот за етика во медиумите (СЕММ), јавниот повик е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои стории во медиумите во земјава во периодот од 1 јануари 2020 година до 31 мај 2020 година.

Пријавите се доставуваат електронски на [email protected]. Заинтересираните повеќе информации за конкурсот може да добијат на следниот линк: https://www.semm.mk/novosti-4/calls/722-2020

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e