Ристовска: Секој кој го прекршил законот ќе одговара

Меѓу македонските граѓани бестрашната истрајност на специјалните обвинителки донесе нов ентузијазам. Големи се надежите дека еден ден и политичарите ќе платат за своите криминални дела“, пишува австриски „Курир“, во текстот под наслов „Македонските мускетарки“ во кој е објавено и интервју со портпаролката на СЈО и обвинителка Ленче Ристовска.

„За општеството тука во Македонија, кое во најголем дел е водено од мажи, ова е првпат жените на овој начин да можат да се обраќаат до јавноста и да бидат присутни. Тоа е момент кој придвижува многумина“, вели Ристоска.

Таа вели дека работат под огромен притисок, а истовремено се соочуваат со блокади од локалноте судови и власти, кои одбиваат да соработуваат.

„Мораме да го смениме рокот. Само Собранието може да го продолжи овој период, но оттаму нема знаци за такво нешто. Само за да ги преслушаме 20.000 тонски записи врз чија основа истражуваме, ќе ни треба една и пол година. Работиме под огромен притисок на времето. Истовремено често не блокираат локалните судови и власти, одбиваат да споделуваат документи или воопшто не соработуваат“, вели Ристоска за австриски „Курир“.

Ристоска, во интервјуто вели дека нивната работа не е насочена кон одредно лице или партија, ниту пак дека ја заштитуваат опозацијата.

„Но, водиме истраги против одредени лица кои го прекршиле законот. Секој, кој го прекршил законот треба да одговара. Дури и ако тоа значи дека ќе го растресеме целиот политички систем“, вели обвинителката

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e