Коста Крпач бил сведок на СЈО и за предметот „Трезор“ како и дека обезбедил информации и за други истраги и предмети кои ги истражува обвинителството, потврди Обвинителката Ленче Ристоска. Таа не кажа дали Крпач добивал закани од сега веќе обвинетите функционери, но посочи дека до Основното јавно обвинителство каде се води истрага дали тој се самоуби или е убиен ги доставиле сите докази кои ги поседуваат.
Сите транскакции на пари се вршени преку фирмата на која бил управител, а со сопственост во САД, но го остави како отворено прашањето кој всушност стои зад фирмата.
Ристоска не сакаше да ги открие идентитетите на функционерите од УБК и МВР, но потенцира дека имале високи позиции.
За секој од нив поединечно, денеска ќе бидт побарани содветни мерки, како и замрзнување на имотот.
За поврзани вести продолжете надолу