Рикер: Разочарувачко е да се видат одредени лидери со поглед од 19 век

Американскиот дипломат Филип Рикер во интервју за Радио Слободна Европа го критикуваше погледот на некои од лидерите во ЕУ за кои вели дека имаат „поглед од 19 век“ на Западен Балкан, откако Северна Македонија и Албанија не добија датум за преговори со Европската Унија.

Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Рикер, посочи дека тие се разочарани од одлуката на европските лидери за Скопје и за Тирана и дека тие го поддржуваат тој идеал на земјите и во програмите за помош што ги даваат, помошта на дипломатијата, поддршката на реформите кои ги преземаа овие земји за да се движат во таа насока..

Истакна дека САД го поддржува тој идеал на земјите и во програмите за помош што ги даваат, помошта на дипломатијата, и поддршката на реформите што ги презедоа овие земји за да се движат во таа насока

„Сметаме дека тоа е во најдобар интерес на државите, регионот и Европа и разочарувачко е да се видат одредени лидери со поглед од 19 век на Западен Балкан“, изјави Рикер во интервјуто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e