РЕЗУЛТАТИ ОЧЕКУВАМ ВЕДНАШ Директорот кон вработените во Царинската управа

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски денеска оствари средба со вработените пред кои порача дека приоритети ќе бидат жестока борба против криминалот и корупцијата, ефикасност и транспарентност во работата на Царинска управа, подигнување на нивото на подготвеност на институционалните капацитети, целосна дигитализација на услугите и фер пристап кон бизнис заедницата.

DSC05150

Николовски рече дека очекува од секој царински службеник поголеми заложби во работата при што истото ќе биде видливо преку подобри резултати. Резултатите треба да бидат мерливи преку зголемување на приходите во Буџетот, олеснување на трговијата и севкупно остварување поголем економски раст.

DSC05111

„Ние царинските службеници сме лицето на државата, а мојата и нашата цел како тим ќе биде лицето на царинските службеници да биде на врвно професионално ниво, при што резултати очекувам веднаш“, истакна Николовски.

DSC05103

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e