Резервниот фонд од Буџетот нема доволно пари за да се обештетат сите кои настрадаа во поплавите

Джавната каса има околу два ипол милиони евра пари кои ги чува во резервниот фонд.  Тие служат за санирање на последиците предизвикани од елементарни непогоди но и од други непредвидени ситуации. Според неофицијални извори на Алсат-М од министерството за финансии, само за авансното обештетување ќе бидат потребни околу 1,6 милиони евра.

popgal2

Економските експерти и проценителите сметаат дека парите од резервниот фонд на Буџетот не се доволни за целосно да ги покријат штетите. Сметаат дека ќе бидат потребни дополнителни средства за кој Владата ќе треба да интервенира, односно да пренамени средства од други ставки од државната каса. Во меѓувреме осигурителните компании и тимовите од Владата привршуваат со увидот на терен а од Агенцијата за супервизија на осигурувањето велат дека бројот на пријави на штети од ден на ден е се поголем.

 „Ако минатат недела имавме 100 пријавени штети, па пораснаа на триста, и од ден на ден растеше, веќе таа бројка поминува илјади штети и веќе станува збор за сериозна бројка на исплата на штети само за осигурани имоти кои се предмет на понатамошна проценка да се види дали истите имаат вклучено и ризикот поплава и високи води, кој треба да ги имаат.“ – вели Зоран Стојановски – од Агенцијата за супервизија на осигурувањето

Дел од граѓаните велат дека освен имотот, водената стихија им ги однела и личнтеи документи, меѓу кои биле и полисите за осигурување. Но, од Агенцијата смируваат. Сите граѓани кои имале осигурители полиси за имот или за каско, а во поплавите ги изгубиле документите ќе можат само со документ за лична идентификација пред осигурителната компанија да ја најде својата полиса и да продолжат со проведурите за обештетување.

„Сите кои имаат активни полиси и  штети може да пријават во осигурителните компании, и ние таа штета ќе ја отвориме, но ќе постапуваме онака како што ни дозволува Законот. Односно ќе постапуваме тогаш кога ќе ги имаме личните податоци за граѓанинот, по што ќе ја исплатиме штетата на лицето на кое се води полисата.“ Вели Дарјан Раденковиќ – лице за односни со јавност во осигурителна компанија

Од надлежните институции веќе побарале трансакциони сметки од граѓаните на кои ќе може да им се исплати авансот кој го ветија функционерите од ВМРО – ДПМНЕ. Извори од Владата велат дека во наредните денови зависно од штетите сите домаќинства ќе добијат од 300 до 500 евра како аванс, а по увидот на терен и завршување на проценките ќе се знае и точната сума за тоа кој колку надомест за штетите треба да добие.

Извор: Алсат-М

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e