Решен проблемот и со откупот на лубениците. Обезбедивме дополнителна финансиска поддршка од 2 денари за килограм продадена лубеница на регистрирани откупувачи во периодот 03 до 15 јули. Дополнителната субвенција ќе овозможи стабилизирање на пазарот со откуп на лубеници во периодот од 03.07.2017 до 15.07.2017 година. Новата реформска Влада ќе продолжи да работи во интерес на земјоделците и останува отворена за секој нивен проблем, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.