Изјава за медиуми,
Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ
Скопје, 23.08.2016
Денеска сме со жителите на Ресен и ресенско. Се запознаваме со нивните проблеми и ги нудиме и споделуваме решенијата од програмата на СДСМ за проблемите што ги имаат ресенчани. Има голем број проблеми. Најголеми проблеми се од егзистенцијална природа.
Граѓаните коишто произведуваат јаболко и се јаболкопроизводители се жалат за ниската откупна цена на јаболкото и за несоодветниот и ненавремен пласман. Исто така апелираат и забележуваат дека даденото ветување од владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ е нереализирано, односно штетите претрпени од пролетниот мраз не се проценети, ниту
граѓаните се обесштетени. Тоа е недозволиво и не смее да има издвојување од државниот буџет за тркалото на лудоста и на сите други луксузни проекти на Груевски и ВМРО
ДПМНЕ што се реализираат во Скопје, а сите други градови во РМ, како и Ресен, производството да остане недопрено.
Затоа апелираме дека промени мора да се случат и промени ќе има, не само за овие проблеми, туку за сите проблеми што Груевски и ВМРО ДПМНЕ ги создадоа во последните 10 години. СДСМ со системски мерки во земјоделието ќе обезбеди државна гаранција за откупот на јаболкото и пласманот на јаболкото.
Со низа системски решенија ќе го подобриме амбиентот за производство и развој на земјоделието во РМ, но најважно од се е дека новата влада на СДСМ, по промената на власта, ќе обезбеди достапност до субвенциите за земјоделците, за вистинските земјоделци, а не за луѓето коишто воопшто не се занимаваат со земјоделие, а сите овие 10 години ги злоупотребиле субвенциите. Промени ќе има и мора да има.