Владата денеска ќе ја одржи редовната 34. седница на чиј дневен ред меѓу другото, ќе бидат програмите за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година и на Програмата за спроведување на интервентниот фонд во земјоделството.
Разгледан ќе биде и Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС).
Како што соопшти владината прес-служба, пред оваа седница закажана за 12:30 часот, ќе биде одржана уште една, тематска, со почеток во 12:00 часот, на која ќе се разгледува Информацијата за почеток на програмирање на Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА 3, инструмент за претпристапна помош.
-За донесените одлуки и заклучоци од денешните седници, јавноста ќе биде информирана со одделни соопштенија, по нивното завршување, наведуваат од Владата.