Реципрочно признавање на возачки дозволи помеѓу Македонија и Косово

Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи и го прифати усогласениот текст на Договорот меѓу државите за реципрочно признавање на возачки дозволи. Констатирано е со ова дека значително ќе се подобри безбедноста на патниот сообраќај. Исто така и дека со тоа ќе им се олесни движењето на граѓаните. На седницата е укажано дека има барања и од други земји за воведуваење на вакво реципрочно признавање на возачки дозволи, како на пример со Германија, што Владата во престојниот период ќе го земе предвид.

Владата ја разгледа и усвои  Информацијата за тековни и идни активности што треба да бидат преземени за отворањето на нов граничен премин наменет за меѓународен сообраќај меѓу Република Македонија и Република Косово, “Белановце-Станчиќ”. До крајот на јули 2017 година треба да биде изработен архитектонско-урбанистички проект за објектот што треба да биде изграден на овој граничен премин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e