Речица: Добри услови за живот се клучен фактор за соживот меѓу заедниците

Влора Речица, истражувачка во Институтот за демократија во вечерашната дебата на „360 степени“ вели дека членството на С Македонија во Европската унија не е главен фактор за соживот меѓу двете најголеми заедници во земјава.

Според неа Македонците, Албанците и другите заедници во земјава се толерираат меѓусебе, но тоа е различно од интеграција.

„Некој може да толерира некого 10 или 20 години, но ако нема вистинска интеграција тогаш не може да продолжиш заеднички живот. ЕУ да, беше фактор кој ја држеше заедно албанската, македонската и другите заедници. Но, ЕУ не е главен фактор за интеграција на Албанците и за заедничко општество. Главниот фактор за заедничко општество во Македонија е благосостојбата на народот. Да има добри услови за живот“ – вели Речица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e