Во ребалансот на буџетот кој го презентираше премиерот Заев, расходите се намалени за 2,9 милијарди денари.
-Скратени се парите предвидени за кампањи и владини рекламирања во странство и дома. Кратењето ќе изнесува 420 милиони денари кои беа наменети за реклами и промоции. Со ребалансот ќе се опфатат стечајните работници, како и субвенциите за зголемување не минималната плата на 12.000 денари од 1 септември. Со минималната плата ќе бидат опфатени 70 илјади граѓани, рече Заев.
Ќе ги продолжиме и ќе ги завршиме капиталните инвестиции, ќе ги доизградиме салите и училиштата што се почнати. Почнавме да ги решаваме проблемите со автопатот, а ќе почнеме и со изградба на други патишта кои воопшто не се почнати – рече премиерот.